Две кутии цигари – еден килограм тутун, вака тутунарите од карбинско ја раскажуваат својата мака. Велат дека трошоците одат нагоре, а цената на тутунот стои во место. Со намалени субвенции и скапа нафта, велат дека се помалку им се исплаќа годинава да работат. Ако ништо не се смени и оваа година, предупредуваат, се повеќе ниви ќе останат без тутун. ,,Лани имал сум 20 декара, оваа година сакам да ги намалам, оти субвенциите се мали, нема веќе ...
Тутунопроизводството е една од најважните земјоделски гранки во Македонија, а тутунарите се значајни чинители во македонското стопанство, нагласи Илија Тутуески, член на Сојузот на тутунските здруженија при денешното одбележување во Прилеп на 4 април, Денот на тутунските работници. – Не случајно е избран 4 април за Ден на тутунските работници. Точно на денешен ден пред 153 години, во 1873 година е отворен првиоит магацин, во рамките на ...

