Флорентино Перез одлучи дека ќе направи одредени промени во играчкиот кадар на Реал Мадрид ова лето по уште една многу неуспешна сезона. Па, веќе на сите им е јасно кое ќе биде првото засилување на „кралевите“. Ова најверојатно ќе биде втора година по ред за Реал без ниту еден трофеј, што е неприфатливо за Перез со оглед на тоа каков играчки кадар има овој клуб. Веќе е јасно дека Алваро Арбелоа нема да биде тренер на овој тим следната сезона ...

Реал Мадрид полека се подготвува за крај на сезоната која е целосно разочарување, но во исто време, Флорентино Перез и неговите соработници се подготвуваат за низа промени во играчкиот кадар и активираа операции уште пред почетокот на месец мај. Како што јавува угледниот „АС“, Перез и одговорните лица за спортскиот проект на Реал веќе имаат една дефинитивна одлука за следната натпреварувачка сезона, а тоа е давање шанса на фудбалерот кој ...