По две тренерски смени сезонава и предавањето на титулата која по три сезони од Скопје се сели во Битола, започна процесот на реновирање на македонскиот ракометен бренд - Еурофарм Пелистер. По официјализирањето на првите три потписи за новата сезона (Серафимов, Котар и Белистојаноски) и продолжувањето на договорите со Митревски, Пешевски, Граховац и Хенигман, клубот од Битола е пред најважната одлука. Очигледно на челниците на Еурофарм ...

Македонскиот ракометен суперлигаш Еурофарм Пелистер и официјално го претстави Лино Червар за нов тренер на тимот. „Во нашата историја и идентитет не постојат мали цели. Затоа мора секогаш да бидеме на висината на предизвикот, да го следиме трендот и да го надградуваме проектот. Нашата нова приказна за сезоната 2025/26 почнува со назначувањето на новиот тренер. Нашиот избор падна на олимписки и светски првак, човек кој е синоним за ракометот ...