Иако беше најавено блокирање на сите патишта што водат кон Собранието, пратениците за седницата пеш се упатија кон законодавниот дом. Пред почетокот на протестот во 9 часот наутро, дел од пратениците пристигнаа пеш, а некои и со велосипеди. „Денеска дојдовте пеш? Јованка Тренчевска: Добар ден, да, денеска дојдовме пеш! Колку чекори направивте, видовте ли на апликацијата? Тренчевска: Не ги броиме чекорите, но некаде околу два километри.“ ...
Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на денешниот протест за 600 евра минимална плата и зголемување за најмалку 100 евра на останатите плати. Објасни дека не им посакува добро утро на пратениците оти две години го блокираат предлогот на Сојузот на синдикати за зголемување на работничките плати. Како што најавија, работниците ги блокираа ...

