Охрид, 10. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Авантуристичкиот клуб „Mountain Madness“ по седми пат организира незаборавен викенд со многу авантура, планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање, Фестивалот на планината и езерото 2026 година, што ќе се одржи на 20 и 21 јуни. – Авантурата започнува во сабота на 20 јуни со рекреативни велосипедски тури на локации покрај Охридското Езеро, со што ќе се одбележи Денот на Охридското Езеро, 21 јуни. ...
Охрид, 11. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охрид ова лето ќе биде домаќин на 33 издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид Фест 2026“. Фестивалот ќе започне со Вечерта на македонската фолк музика, кога на сцената „Долни Сарај“ пред публиката ќе настапат: Перо Христов, Мишко Крстевски, Смиља Митревска, Анета Љумаковска и Анета Бенд и уште многу познати музички имиња. За гледачите е обезбеден директен пренос на Македонската радио-телевизија, ...

