Вардар утре од 16 часот на националната арена „Тодор Проески“ го пречекува Тиквеш во уште еден повеќе од значаен натпревар во битката за шампионската титула. Па, навивачките групи на двата тим, очигледно, се мобилизираат на специфичен начин. „Комити“ информираа дека го прекинуваат „молкот“ и повторно се враќаат со поддршка за својот црвено-црн тим. „ШАЛ НА ВРАТ И СИТЕ НА ГРАДСКИ! Недела е финалниот дел од офанзивата, ден кога тронот мора да ...

Недела е ден за фудбалски празник во Скопје! Во рамките на 29-тото коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), лидерот на табелата ФК Вардар го пречекува тимот на ГФК Тиквеш од Кавадарци. Натпреварот е закажан за 26 април (недела) со почеток во 16:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“. За Вардар (68 бодови) овој натпревар е од исклучителна важност за одржување на предноста пред второпласираната Шкендија (67 бодови) во тесната ...