Населението ќе старее, ќе има се помалку млади. Неопходни се итни реформи во пензискиот фонд. Сето ова е нотирано во најновиот извештај на ревизорите за стареење на населението. Анализата покажува дека ќе расте бројот на лица од над 65 и над 80 години, но за речиси половина милион ќе се намали бројката на работоспособно население од 15 до 65 години. Демографските проекции за нашата држава се негативни односно учеството на лицата над 65 години ...

Македонија рапидно старее – бројот на луѓе со наполнети 80 години од 22.000 колку што е сега, ќе порасне на дури 144.000. Пензискиот систем едвај се одржува, и цело време е во минусно сладо, состојба која може да се влоши со стареењето на нацијата. И не само што старееме, туку и државата веќе пет години нема никаква стратегија за луѓето постари од 65 години. Фрапани податоци од истражувањето на државниот завод за ревизија за периодот од ...

Речиси 700 милиони евра минатата година од државниот буџет биле префлени на сметка на фондот за да можат да се исплатат пензии. Годинава се очекува овој износ да биде поголем. Државниот завод за ревизија во денешниот извештај предупредува – без реформи пензискиот систем е неодржлив. Зголемување на старосната граница за пензионирање и прилагодување на стапката на придонеси, бидејќи пензиите растат, а тоа не е поткрепено со зголемување на ...

Просечната старост на населението е зголемена од 32,3 години во 2000 на 41,8 години во 2024 година. Учеството на лицата над 65 години расте, додека уделот на помладите генерации опаѓа. Главната причина за демографскиот пад не е само нискиот наталитет, туку и емиграцијата на населението, се наведува во Конечниот ревизорски извештај за извршената ревизија на успешност на тема „Стареење на населението“. Истражувањето е направено со цел да се ...