Детска љубопитност, дружење и убава атмосфера на првата вечер од „Патувачкото кино“ во Центар, се впечатоците кои ги сподели градоначалникот Горан Герасимовски. „Паркот во Капиштец и просторот кај ООУ „Кочо Рацин“ вчера беа исполнети со детски џагор, среќни деца и семејства кои заедно уживаа во филм под отворено небо. Со пуканки, сокче и добро расположение, уште еднаш се потсетивме дека најубавите моменти се оние поминати заедно“, истакна ...
Паркот во Капиштец и просторот кај ООУ Кочо Рацин вчера беа исполнети со деца и родители кои ја следеа проекцијата на македонскиот детски филм „Мали промени – големи разлики“. Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека ваквите настани ги оживуваат јавните простори и создаваат позитивни навики кај најмладите. „Ми е драго кога гледам дека парковите стануваат места за дружење, смеа и учење на вистински вредности“, порача тој, додавајќи дека ...
Општина Центар вечерва, со почеток од 20:00 часот во Парк Капиштец, ја одржува првата филмска проекција на македонскиот детски филм „Мали промени – големи разлики“ во рамки на проектот „Патувачко кино“, што ќе трае од 2 до 13 јуни. „Ги поканувам децата и родителите на бесплатно кино под отворено небо. Филмската приказна, реализирана со поддршка на Општина Центар, е специјално наменета за младите и носи поуки за бонтонот, другарството и ...

