Манчестер Јунајтед врза четири победи во низа под водство на Мајкл Карик, но покрај добрите импресии кои ги оставаат фудбалерите откако пристигна новиот менаџер, следниот меч против Вест Хем добива посебно внимание и поради предизвикот на Франк Илет. Младото момче кое стана најпопуларен фан на Манчестер Јунајтед повеќе од една година чека пет победи во низа на својот омилен тим, а сега е поблиску до остварување на својата мисија повеќе од ...
Франк Илет чека речиси 500 денови пет победи во низа на Манчестер Јунајтед, а фамозниот фан на великанот од „Олд Трафорд“ се наоѓа многу блиску до комплетирање на предизвикот и ставање крај на агонијата. Момчето стана исклучително популарно поради тоа што реши да не си ја скрати косата се додека Јунајтед не победи пет меча во низа, па мораше да го чека доаѓањето на Мајкл Карик за да биде блиску до целта. Јунајтед врза четири победи во низа со ...
Нуно Еспирито Санто не го криеше разочарувањето кога неговиот Вест Хем прими гол од Манчестер Јунајтед во самата завршница од натпреварот, но конечните 1:1 не ги задоволија ниту гостите од „Олд Трафорд“ кој бркаат петта победа во низа. За разлика од претходните натпревари под водство на Мајкл Карик, Јунајтед не беше доволно енергичен и се извлече благодарение на магијата која ја изведе Бенјамин Шешко, па иако тоа беше доволно за реми и освоен ...

