Селекторот на англиската репрезентација, Томас Тухел, изјави дека ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингем, нема загарантирано место во првиот состав и дека ќе мора да се бори за својата позиција во националниот тим. Белингем зад себе има само четири стартови во репрезентацијата откако Тухел стана селектор, а тоа е знак за фудбалерот дека ќе мора да се наметне за да добие посериозна улога во тимот. „Џуд знае дека може да биде стартер, тој е меѓу ...
Англискиот селектор Томас Тухел истакна денеска дека Џуд Белингем ќе се соочи со голема конкуренција за место во почетниот состав на Светското првенство. „Да, тој ќе се соочи со голема конкуренција. Улогите секогаш можат да се менуваат, но во моментов имаме 14 или 15 потенцијални стартери и тој е меѓу нив“, одговори Тухел на новинарско прашање. Англискиот селектор истакна дека е задоволен од формата на играчот од средниот ред на Реал Мадрид ...

