Во сабота на стадионот „Билјанини Извори“ ќе се одигра пријателски натпревар меѓу второлигашите Охрид и Новаци, кој ќе послужи како последна проверка на двете екипи пред стартот на пролетниот дел во Втората лига, а кој е закажан за 21 февруари. Натпреварот кој ќе започне во 14 часот ќе биде „генералка“ за двата второлигаши, а тренерите Ромео Кочоски и Дарко Крстески ќе ја имаат конечната слика за нивниот тим и што може да се очекува од истиот ...
На стадионот „Билјанини извори“ во Охрид се одигра последниот контролен натпревар за второлигашите Охрид и Новаци пред стартот на пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига. Гостите славеа со минимални 0-1, а стрелец на единствениот погодок беше Стефан Јовановски, кој прецизно реализираше удар од белата точка. Натпреварот понуди уште една најстрога казна, но овојпат за домашниот состав – Антонио Каланоски не успеа да ја ...

