На повидок е нов скандал во македонскиот клупски фудбал. Според документите до кои дојде Gol.mk, од австриски обложувалници стигна сигнализација за нетипично зголемување на уплата на исходот на натпревар од минатата сезона на Втората македонска фудбалска лига. Станува збор за мечот помеѓу Башкими и Вардар Неготино, одигран на 24 март 2025 година, кој заврши со победа на домашната екипа со 5-2. Според информацијата на ланецот на обложувалници ...
По вчерашните најави за сомнителни дејанија од страна на ФК Башкими со нарушување на интегритетот на фудбалската игра, денеска и први детали за местени натпревари, во кои е вклучен кумановскиот клуб а во насока на финансиска добивка на луѓе блиски до прволигашот. А, во најновиот скандал е активирана и УЕФА која го истражува случајот на сомнителни игри на натпреварот Башкими – Вардар Неготино (5-2) кој е одигран на 24 март минатата година во ...

