Компанијата на Илон Маск „Екс еј-ај“ (XAI) ја ограничи алатката за генерирање слики на четботот Грок (Grok) само на претплатени корисници на социјалната платформа X, откако алатката предизвика осуди за генерирање на слики на разголени жени и деца. Од Грок им соопштија на корисниците на X дека генерирањето и уредувањето слики се достапни само за претплатени корисиници. Тие функции првично беа воведени на X бесплатно, со дневни ограничувања. ...
Владата на Обединетото Кралство оштро реагираше на одлуката на платформата „Икс“ (X) на Илон Маск да го ограничи уредувањето на слики преку вештачката интелигенција „Грок“ (Grok) само за корисници кои плаќаат. Даунинг стрит го нарече овој потег „навредлив“ за жртвите на мизогинија и сексуално насилство. Реакцијата доаѓа откако четботот се соочи со огромни критики бидејќи исполнуваше барања на корисниците дигитално да „соблекуваат“ луѓе без ...

