Навивачите на Вардар, популарните Комити, подготвуваат големо шампионско славје по повод титулата на најтрофејниот македонски фудбалски клуб, кој по неколку години повторно се враќа на тронот. Караван во Ново Лисиче Прославата ќе започне денеска, во петок, со караван низ Скопје. Собирот е закажан во 19:30 часот на „Последна 5ка“ во Ново Лисиче, а учесниците се повикани да дојдат со автомобили, мотори и велосипеди. Комити повикуваат на ...
Синоќа, навивачката група на Вардар, популарните Комити, со караван од Ново Лисиче до Ѓорче Петров го најави денешниот натпревар со Шкендија, на кој ќе се прослави шампионската титула. На караванот присуствуваа повеќе од 500 млади луѓе, кои со автомобили и македонски знамиња ја загреаја атмосферата пред големиот дуел. На социјалните мрежи се шират видеа од скандирањата: „Скопје слави Вардаре, со години го чекавме моментот“. ФК Вардар од ...

