Александар се вратил од Скопје да работи во Кочани зашто бил пријател со Михајло, синот на Дејан Јованов-Деко – сведочеше Наско Карадаковски, татко на починатиот Александар Карадаковски, на денешното продолжение на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се одржува во судницата во „Идризово“, пренесе МИА. Сведокот пред судот изнесе наводи за работниот ангажман на син му во кафулето „Класик“ и во „МММ кафе“ ДООЕЛ Кочани ...
Денешното рочиште за пожарот во Кочани во кој загинаа 63 лица, помина во знакот на емотивното сведочење на Наско Карадаковски. Тој откри дека неговиот син Александар дознал дека е управител на фирмата поврзана со сопствениците на „Пулс“ дури кога се повредил и сфатил дека сам мора да ги плаќа болничките трошоци. Сведокот истакна дека неговиот син бил под голем притисок и паника во периодот пред пожарот, свесен за одговорноста што ја носи ...

