Касемиро го завршува својот престој во Манчестер Јунајтед и Англија и веќе станува се појасно каде ќе ја продолжи кариерата. Бразилецот иако одигра навистина квалитетна сезона во дресот на „црвените ѓаволи“ одлучи да си замине од „Олд Трафорд“ како слободен фудбалер и од понудите што ги имаше на маса ја одбра онаа од Соединетите Американски Држави. Повеќе извори пренесуваат дека големиот борец е на добар пат да потпише за Интер Мајами, тим ...
Касемиро ќе го напушти Манчестер Јунајтед по крајот на тековнава сезона и минатата седмица беше доста емотивно на неговиот последен меч на „Олд Трафорд“. Меѓутоа „црвените ѓаволи“ до крајот на кампањата имаат уште еден предизвик, гостување кај Брајтон, меч на кој навивачите на Јунајтед го очекуваа Бразилецот во првата постава, меѓутоа тоа сценарио нема да се реализира. Имено менаџерот Мајкл Карик соопшти дека од претходно била донесана одлука ...

