Охрид, 20. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 19 декември 2025 година, во 20:30 часот во Охрид, од слобода е лишено 36-годишно лице од Охрид. – При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа марихуана, која е одземена за понатамошна постапка. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес ...

Охрид, 23. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 22 декември 2025 година, во 09:50 часот, на улицата „Вангел Николоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 53-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал и се заканувал на членови на семејството. – По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) ...