На 7 јуни 1946 г. е уапсен и убиен без суд и пресуда од страна на комунистичката власт во Бугарија Георги Настев. Настев е активен деец на историската ВМРО и близок соработник на Иван Михајлов. Георги (Жоро) Настев е роден во 1894 г. во Софија во семејство на Иван Настев и Василка Настева, бежанци од Охрид. Станува полномошник на ВМРО во Разлошко. Во 1925 година е специјален пратеник на Централниот комитет за време на Градевските и Дабнишките ...
На 8 јуни 1946 г. во Софија во пресметка со припадници на комунистичките органи за безбедност животот го губи големиот бугарски револуционер и припадник на ВМРО Кирил Дрангов, син на големиот бугарски офицер, педагог и воен херој полковник Борис Дрангов (1872-1917). Кирил Дрангов е уште една жртва на погромот што го врши БКП по наредба на Сталин со цел уништување на ВМРО и полесно спроведување на т.нар. „Културна автономија на Пиринска ...

