Брегалница е во најдобра форма според последните пет одиграни натпревари – „сините“ имаат пет од пет и со тоа го држат врвот во Втора лига заедно со Охрид и Шкендија Арачиново со по 52 бодови. Четата на Влатко Костов не знае за пораз, а „сините“ во претходните две кола славеа над два директни конкуренти Охрид (1:0) и Скопје (0:1) што е потврда за фантастична форма која тимот го носи чекор по чекор кон враќање во Прва лига. Следното коло носи ...

23 коло на Втората македонска фудбалска лига направи нови промени во врвот од табелата, тоа што го анализиравме и во претходниот период добива на потврда дека една победа може да однесе некоја екипа во врвот од табелата, а пораз да ја спушти екипата неколку позиции. Скопје се задржа само едно коло на врвот, откако загуби во дербито од Брегалница со 0:1, а пак Охрид со 3:0 го доби Новаци, а Шкендија Арачиново со 2:0 славеше над Тетекс. Ваквиот ...

Фудбалерите на Брегалница ја имаат најдобрата форма во Втората македонска фудбалска лига според формата од последните пет натпревари. „Сините“ на Влатко Костов имаат пет од пет односно пет победи во низа и освоени 15 бодови. Брегалница го доби Новаци со 1:3 во гости, дома беше подобра со 3:1 против Каменица Саса, следуваше убедлива победа од 0:3 над Преспа во Ресен, а потоа четата на Костов забележа две минимални победи но над конкурентите за ...