Во периодот од 2021 до 2023 година Македонија се најде во една од најтешките енергетски кризи во последните години. Цените на електричната енергија растеа, а проблемот не беше само цената. Европа се соочуваше и со недостиг на гас, мазут, дизел и други енергенси. Во такви услови Македонија повторно ја активираше ТЕЦ „Неготино“, која со години функционираше како ладна резерва. Денес, кога набавката на мазут е предмет на кривична истрага која ...
Со години ТЕЦ „Неготино“ стоеше како резервен капацитет. Нејзината улога беше да биде достапна доколку на државата ѝ затреба дополнително производство на електрична енергија. И тогаш дојде 2021 година. На 9 ноември Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија. Таа состојба беше продолжувана во два наврати, сè до април 2023 година. Во тие услови, повторното активирање на ТЕЦ „Неготино“ беше дел од државната реакција ...
Во јавноста долго време се создаваше впечаток дека проблемот со набавката на мазут бил поврзан со начинот на кој РКМ го снабдувала ТЕЦ „Неготино“. Но, според информациите за исказите на сослушаните претставници и вештачењата во предметот, сликата е поинаква. РКМ се јавила на повикот на ЕСМ под услови кои важеле за сите потенцијални добавувачи. Имало и друга понуда, но таа не била прифатлива поради количините што ги нудела. Она што е особено ...

