Соединетите Американски Држави се подготвени за можни воени дејствија против Иран уште од сабота, но конечна политичка одлука за напад засега нема, јавуваат повеќе меѓународни медиуми повикувајќи се на извори од американската администрација. Според информациите, американската војска ја има ставено во готовност потребната логистика и сили за евентуални воздушни или прецизни удари, доколку претседателот даде зелено светло. Сепак, од Белата ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено во среда изјави дека секој нов американски напад врз Иран би имал сериозни последици и повика на воздржаност за да се најде решение што би му овозможило на Иран да развие нуклеарна програма во мирновременски период. Интервјуто на Лавров за саудиската телевизија Ал Арабија беше емитувано еден ден откако американските и иранските преговарачи одржаа индиректни разговори во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за ограничен воен удар врз Иран за да изврши притисок врз Техеран да ги прифати барањата на Вашингтон во врска со нуклеарниот договор, но нагласи дека сè уште претпочита дипломатско решение, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори. Според извори запознаени со ова прашање, потенцијалниот почетен удар би бил насочен кон неколку воени или владини објекти и би можел да биде извршен во ...

Ситуацијата околу Иран и натаму напната, откако претставници од Вашингтон и Техеран одржаа разговори во Женева, неделава. Разговорите завршија без конечен договор. Неколку стотици американски војници се евакуирани од воените бази во Катар и во Бахреин. Американскиот претседател Трамп размислува за ограничен воен удар врз Иран за да изврши притисок врз Техеран да ги прифати барањата на Вашингтон во врска со нуклеарниот договор, но сепак ...