Клими оствари голема и значајна победа од 7:5 против актуелниот шампион Форца од Куманово во рамките на 11. коло од Првата футсал лига. Во натпревар исполнет со многу голови во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци, радовишанецот Горан Коцевски беше еден од клучните играчи и вистински херој на домашниот состав. Со овој пораз – четврти сезонава – Форца практично ги загуби шансите за одбрана на титулата, а лидерот Проект веќе го отвора шампањот ...
Мал Ајакс од Штип оствари исклучително значајна победа во борбата за опстанок во Првата футсал лига на Македонија, откако на домашен терен убедливо го совлада дебитантот Балкан со 8:2. Натпреварот имаше директно влијание во долниот дел од табелата, бидејќи стануваше збор за пресметка на две екипи кои водат тешка битка за зачувување на прволигашкиот статус. Седат Мамудов и Ангел Белчовски постигнаа по два гола за штипскиот состав, а по еднаш ...

