Министерката за надворешни работи на Р.Бугарија, Велислава Петрова, одржа средба со државниот министер за Европа, Северна Америка и прекуморските територии на Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска, Стивен Даути. Двајцата разговараа за напредокот и идните перспективи на стратешкото партнерство меѓу Бугарија и Обединетото Кралство во клучни области, вклучително и безбедност и одбрана, економија, иновации и високи технологии. ...

Бугарија и Велика Британија ќе ја продлабочуваат соработката во одбраната, индустриското партнерство и безбедноста во Црноморскиот регион. Ова бeше договорено на средбата меѓу министерот за одбрана Димитар Стојанов на Бугарија и британскиот министер за Европа, Северна Америка и прекуморските територии Стивен Даути, пренесе БГНЕС. „Обединетото Кралство е важен сојузник на Бугарија во НАТО и клучен партнер во Европа“, истакна Стојанов, ...