По шест години чекање, Вардар повторно на фудбалскиот врв во Македонија! Најтрофејниот македонски клуб денеска официјално со 12-от шампионски трофеј во независна Македонија, а вкупно 13-ти во својата клупска историја, вклучувајќи ја онаа титула од 1987 година во поранешна Југославија. „Црвено-црните“, предводени од Гоце Седлоски од клупата, повторно со трофејот во рацете овој пат од претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, по денешната убедлива ...

ФК Вардар е нов шампион на Македонија, откако во последното коло славеше со убедливи 3:0 против ФК Шкендија и ја круниса фантастичната сезона со шампионски пехар. На арената во Скопје, вардарци одиграа сигурен и доминантен натпревар во кој уште во првиот дел ја најавија големата прослава. Резултатот беше отворен во 20. минута по автоголот на Ајети, а предноста ја удвои Закариќ во 36. минута. Во второто полувреме, Вардар мудро ја контролираше ...

Вардар ја освои 12-тата титула шампион на Македонија, односно прва по шест години, а славјето од Националната арена, каде беше доделен пехарот, продолжи и во Градскиот парк, на местото кое се нарекува „школка“. На прославата се фудбалерите, стручниот штаб, раководството на клубот, но и сите оние кои финансиски овозможија Вардар од бездната да се искачи на врвот. Секако, тука се и навивачите и сите оние кои при срце им е најтрофејниот ...

Капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ синоќа до својот прв шампионски трофеј во кариерата, како што вели, всушност до остварување на детскиот сон со кој живее од првите свои денови на најраната младост кога почна во школата на најтрофејниот македонски клуб. По освојувањето на трофејот во Купот на Македонија минатата година, 23-годишниот Омерагиќ вчера подигнувајќи го и најпосакуваниот домашен трофеј, на најдобар можен начин ја заокружи одличната ...