Во петок на Градскиот стадион во Валандово ќе се одигра пријателски натпревар меѓу третолигашот Победа и второлигашот Осогово од Кочани. Средбата е закажана со почеток од 15:00 часот. За тимот од Кочани ова ќе биде последна контрола пред стартот на пролетната полусезона во Втората лига. Тренерот Крсте Крстев ќе ја има финалната можност да ја провери формата на своите избраници и да добие појасна слика за подготвеноста на екипата пред ...

Второлигашот Осогово забележа победа на „генералката“ против третолигашот Победа во Валандово со резултат од 1:2. Ова беше последен тест за тимот на Крсте Крстев и последна можност да се провери формата бидејќи веќе следниот викенд започнува пролетната полусезона во Втората лига. Осогово резултатот го отвори преку Стојанчо Велинов за водство од 0:1, гол по асистенција на Христијан Поп-Антоски, со овој резултат се замина на полувреме. Во ...