Челси нема по добро да ја памети сезоната 2025/2026, сезона во која не беше освоен ниту еден трофеј по што управата реагираше експресно и го реши најважното прашање, го доведе Чаби Алонсо за нов менаџер на екипата. Ова за Шпанецот ќе биде ново искуство, трето во најважните топ 5 лиги во Европа и сите во таборот на „сините“ се надеваат дека Чаби ќе биде вистинскиот избор и ќе донесе победнички менталитет, резултати и титули. Допрва ќе видиме ...

Челси имаше катастрофална сезона и дефинитивно ќе бидат направени промени, а првата важна одлука е назначувањето на Чаби Алонсо за нов предводник на екипата која не успеа да обезбеди место во европските купови. Алонсо кажа „ДА“ и го прифати предизвикот да го води клубот кој низ годиниве по завршувањето на ерата на Роман Абрамович купи многу играчи, вложи доста средства, меѓутоа се уште нема идентитет во играта, поточно не може да се бори за ...