Билетите за финалето на Светското првенство во фудбал во 2026 година се појавија на официјалната платформа за препродажба на билети на ФИФА по екстремно високи цени, до 2,3 милиони долари по билет, пренесува „Гардијан“. Финалето е закажано за 19 јули на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд, а четири седишта во блок 124, ред 45, се нудат за 2.299.998,85 долари по билет. Иако ФИФА не одредува цени на својата платформа за препродажба, ...

ФИФА не планира да го замени Иран со Италија на претстојното Светско првенство во САД, Канада и Мексико, рекоа извори од светската фудбалска организација, откако ваква идеја изложи специјалниот пратеник на Доналд Трамп, Паоло Замполи. „Потврдувам дека им предложив на Доналд Трамп и Џани Инфантино да го заменат Иран со Италија на Светското првенство. Јас сум Италијанец по потекло и би било сон да ги гледам ‘аѕурите‘ на светско првенство ...