Два меча се посебно интересни од денешниот распоред во плејофот на Лигата на шампионите. Бенфика и Реал Мадрид ќе играат вторпат во Лисабон само за 20 дена, а Кралскиот клуб треба да покаже дека ја научи лекцијата по поразот од 4:2. Овојпат се игра двомеч, нокаут-систем и сигурно ќе има многу повеќе калкулации. Сепак, јасно е дека најголем фаворит за стрелец на првиот гол е Килијан Мбапе, кој прв ја затресе мрежата и на дуелот минатиот месец. ...
Реал Мадрид беше шокиран од Бенфика пред 20 дена, кога загуби со 4:2, па вечерва Кралскиот клуб во Лисабон ќе оди да се „одмазди“. Францускиот играч од средниот ред на мадридскиот гигант, Едуардо Камавинга, изјави дека неговиот тим ќе оди на победа на „Естадио да Луж“ во Лисабон. Камавинга вели дека ги научиле грешките од дуелот одигран минатиот месец. „Најважно е да работиме добро како тим, а не да ја менуваме нашата рутина. Треба да играме ...

