Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски е во повеќедневна посета на САД, но не се знае конкретно на каков и кој настан присуствува, ниту пак до кога ќе биде таму. Министерството за надворешни работи не ја најави посетата, но на прашање на „Слободен печат“ одговори дека министерот Муцунски во Соединетите Американски Држави учествува на економско-инвестициски настан организиран од Светскиот економски форум. ...

Министерството за надворешни работи и меѓународна трговија не открива на кој конкретен настан во САД учествува министерот Тимчо Муцунски, иако од ресорот потврдија дека станува збор за „економско-инвестициски настан“ организиран од World Economic Forum. Во кус одговор за Слободен печат од МНР наведуваат дека министерот учествува „по покана“ на средба на која присуствува „селектирана мрежа на актуелни и поранешни шефови на влади, министри и ...