По неуспешната прва средба, жителите на селата Трапчиндол и Рештан во Кичево, кои протестираа против изградба на дивa депонија, денеска се сретнаа со градоначалникот на општината. Тие изразија загриженост дека местото каде што се планира изградба на депонијата е премногу блиску до двете села. – Бараме од вас, доколку има такво нешто, со добра волја да се откажете од таа локација, за да не се предизвика уште поголем револт кај верниците, ...

Депонија во близина на ТЕЦ Осломеј. Во последните денови биле забележани повеќе машини како носат отпад на оваа локација. Загрижените жители побараа одговорност. Огранокот на ДУИ во Кичево побара од Општината да го запре носењето на отпадот. „Ниту еден политичар, ниту еден крал и ниту еден султан не ја добил битката против народот. Градоначалникот треба да биде свесен дека во овие зони нема простор за регионална депонија. Ова не е прашање на ...