Карлос Алкарас и Јаник Синер продолжуваат со позитивните резултати на АТП Мастерсот во Монте Карло каде со денешните победи обезбедија пласман во полуфиналето. Првиот светски рекет беше подобар од Александер Бублик со 2-0 во сетови. Бублик не е тенисер на кој му одговара оваа подлога, па немаше никаков одговор за Карлитос кој особено издоминира во втората „рунда“ (6-3, 6-0). Ова за Алкарас беше 300. триумф во кариерата, учинок до кој дојде во ...

Јаник Синер го победи Карлос Алкарас со 2-0 во сетови (7-6, 6-3) и го освои Мастерс турнирот во Монте Карло, резултат што истовремено му донесе и враќање на првото место на АТП ранг-листата. Мечот траеше два часа и 15 минути и беше вистинска тениска битка на највисоко ниво, во која Синер на крајот заслужено излезе како победник. Алкарас започна силно и веднаш направи брејк, но Синер брзо возврати и го врати егалот. Следуваа сигурни ...