Никола Митревски одигра уште еден натпревар на врвно ниво во македонскиот дрес. Искусниот голман заедно со своите соиграчи одново ја демолираа Словачка и ја одведоа Македонија на уште едно Светско првенство – осмо во низа, а десетто во историјата. По средбата во Скопје, која што заврши со 38-23, членот на Еурофарм Пелистер изјави дека оваа Македонија не се задоволува со каков било резултат и на СП ќе отпатува мотириван и подготвен за големите ...

Ракометарите одново ја израдуваа македонската јавност и со убедлива победа во бараж двомечот со Словачка се пласираа на ново Светско првенство. Реваншот се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ пред одлично исполнети трибини, а славјето продолжи по натпреварот. Дел од најмладите добија шанса да се запознаат со ракометарите по крајот на средбата, а имаше и една интересна ситуација. Младо девојче со исцртан натпис му бараше дрес на Никола Митревски. ...