Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера во емисијата Клик Плус на ТВ21 најави дека во наредните денови ќе разговара со жителите околу проблемот со дивиот пешачки премин и порача дека конечната одлука ќе биде донесена според мислењето на мнозинството граѓани. Тој истакна дека станува збор за долгогодишен проблем кој, како што рече, не успеале да го решат ниту неговите претходници. Посочи дека ги разбира реакциите на граѓаните, особено на ...
За дивиот пешачки премин на Бит-Пазар и протестите на дел од локалните сопственици на тезги и продавници кои не дозволија поставување на ограда, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вели дека и Македонци и Албанци не сакаат да се затвори преминот и бараат регуларен пешачки премин. -Планирам да отидам таму на лице место и да разговарам со граѓаните. Имаше забелешка од повозрасна госпоѓа како со полни кеси ќе се качи по надвозникот. ...
Од разговорите што деновиве ќе ги направи скопскиот градоначалник со граѓаните, ќе се одлучи дали нелегалниот пешачки премин кај Бит-пазар ќе стане легален или ќе биде затворен Наредните денови, скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, ќе одржи средба со граѓаните во врска со нелегалниот пешачки премин кај Бит-пазар. Тој во телевизиско гостување истакна дека ќе го сослуша мислењето на граѓаните и, доколку мнозинството побара пешачки премин, ...

