Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март 2026 до март 2027 не доби поддршка од пратениците од власта. Тој се најде на дневен ред на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ. Предлогот на седницата го образложи координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, кој рече дека во изминатите ...
Законските измени за раст на минималната плата на 600 евра, што ги предложи опозицискиот СДСМ, денеска не поминаа на матичната Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, но добија поддршка од еден пратеник од владејачкото мнозинство – Миле Цеков од ЗНАМ, кој порача дека минималната плата треба да се зголеми. –Нашата минимална плата денес е најниска во регионот, иако продуктивноста по работен час, која изнесува 34 долари, е ...
На денешната седница во Собранието беше одбиен предлог-законот предложен од пратениците на СДСМ за зголемување на минималната плата. Од 95 присутни пратеници, 63 гласаа „За“ да се усвои заклучокот според кој предлог-законот не е прифатлив. 19 пратеници беа „против“ ваквата одлука, а немаше „воздржани“. Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март 2026 до март 2027 вчера се најде на дневен ред на седницата на ...
Мнозинството пратеници 63 од 82 во салата се изјаснија дека не го поддржуваат Предлог-законот за зголемување на минималната плата поднесен од пратениците на СДСМ. Владата треба да биде активен преговарач – порача пратеничката Тренческа на собраниската расправа. Инфлацијата го јаде семејниот буџет, велат опозициските пратеници. Законот и методологијата за пресметка на платите се по предлог на тогашната власт, сега опозиција, велат пратениците ...

