По успешниот настап во регуларниот дел од Супер Лигата, ракометарите на ГРК Охрид, викендов го започнуваат најважниот дел од сезоната. Во рамки на првото коло од плеј-офот, охриѓани гостуваат кај РК Бутел Скопје во салата „Антон Димитров“, во натпревар кој може да го навести правецот на продолжението од шампионатот. Во таборот на Охрид владее максимална сериозност. Десниот бек на охриѓани, Давид Савревски, го најави мечот и потенцира дека ...

Ракометарите на Охрид во рамки на првото коло од плеј-офот гостуваат во сабота кај екипата на РК Бутел во Скопје. Го започнуваме плеј-офот со натпреварот против Бутел во Скопје. Неодамна одигравме натпревар со нив и знаеме што не очекува. Секој натпревар во плеј-офот значи многу, подготвени сме со цврста одбрана и паметна игра во нападот да стигнеме до нови бодови, вели ракометарот на ГРК Охрид, Давид Савревски. Натпреварот се игра со ...

ГРК Охрид го совлада РК Бутел во натпреварот од 1 коло од плеј-офот во Супер лигата, кој се одигра вечерва во салата „Антон Димитров“, со 22:28 (полувреме 10:11). Најефикасни во редовите на Охрид беа капитенот Ојлески со 8 погодоци и голманот Пилиповиќ со 12 одбрани. Статистика ГРК Охрид: Борозан 2, Стрмљан 4, Ојлески 8, Иванковиќ 4, Кукуловски 1, Трајчески, Тасески 1, Реј, Савревски 2, Блажески, Бојаниќ, Ѓуќиќ 6, Пилиповиќ (12 одбрани), ...

ГРК Охрид со сигурен чекор го отвори плеј-офот во Супер Лигата со триумф на гостувањето кај Бутел Скопје (28-22). Натпреварот започна малку тешко за охриѓани – првото полувреме беше изедначено и двете екипи покажаа силен отпор. Клучот за победата дојде во вториот дел, кога Охрид ја наметна својата игра и создаде разлика што ја одржа до крајот. Во изјава за Спортска Мрежа, Даниел Ѓорѓески потенцираше дека клучот бил во одбраната и ...