Многу „ако“ за членството на Македонија во ЕУ. Премиерот Христијан Мицкоски обелодени дека можно е земјава да стане членка на Унијата во 2027 година со учество во сите тела, но без право на глас, без право на комесар, но ќе можеме да учествуваме во работата на Европскиот совет и институциите во Брисел. Од Владата појаснуваат: „Процесот би бил дел од поширок пакет кој би ги опфатил и другите земји од регионот, во зависност од развојот на ...
Единствениот пат за членство на земјава во ЕУ е целосно членство со право на глас, е ставот на АА-Таравари – дел од коалицијата НАИ. Според Валбон Лимани, секој вид членство треба да се заснова на исполнување на Копенхашките критериуми, вклучително владеење на правото и човекови права, додека за условено членство ќе се изјаснат само доколку има конкретен предлог. -Ние сме за целосно членство на Северна Македонија во Европската Унија и ...
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска од Прилеп порача дека пристапувањето во Европската Унија е строго дефинирано со постојните договори и дека во нив не постои опција за членство без право на глас или без право на вето. Рокас појасни дека за каква било промена на овие правила е потребна едногласност од сите земји членки, што во моментов не е случај. -Процесот на пристапување во ЕУ е дефиниран во договорите на Европската Унија. Всушност, не ...
Членство во Европска унија (ЕУ) без право на глас и на вето не е можно со постоечките Договори на Унијата. Ова го изјави евроамбасадорот, Михалис Рокас, според кого тоа би било можно само доколку земјите-члнеки едногласно ги сменат договорите врз кои се заснова Европската унија. Изјавата на Рокас уследи, откако премиерот Христијан Мицкоски во телевизиско интервју рече дека постои опција Македонија да стане членка на Европската унија во 2027 ...

