Делчево, 5 јануари 2026 (МИА) – Во пресрет на Бадник, хуманитарната иницијатива „Дaj не фрлај - подари“ од Делчево организира нова донација на пакети со основни прехранбени производи. Пакетите, како што информираа од здружението, утре ќе бидат распределени на 30 социјално загрозени семејства од Делчево и околината. -Донацијата е овозможена благодарение на верен следач и поддржувач на иницијативата, а во моментов е во тек пакувањето на ...
„Донацијата е овозможена благодарение на верен следач и поддржувач на иницијативата, а во моментов е во тек пакувањето на пакетите. Целта, како што велат организаторите, е ниту едно семејство да не остане без бадникова вечера“, информираа од здружението. Покрај основните намирници потребни за Бадник, обезбедена е и нова облека за децата за Божиќ, донација од хуман донатор од Охрид, со што празничната радост ќе биде поголема и за најмладите. ...

