Ракометарите на Вардар ја вратија титулата од Суперлигата во своите витрини откако вечерва славеа на домашен терен против најголемиот ривал Е. Пелистер со убедливи 34-19. Натпреварот почна со погодок на Дејан Манасков за водство на гостинот од 0-1. Домашните возвратија со серија од 3-0, па по четири минути игра резултатот на семафорот изнесуваше 3-1. Радивојевиќ врза два гола па многу брзо пелистерци се вратија во егал 3-3. Следуваше нова ...
Во прекрасна атмосфера во СЦ „Јане Сандански“, Вардар со доминантна игра го понижи својот најголем ривал, Пелистер и ја завери шампионската титула. На вардарци денеска им беше потребно само да не загубат, во мечот влегоа максимално мотивирани и му одржаа ракометна лекција на досегашниот шампион. Натпреварот почна изедначено, Вардар постојано водеше, но Пелистер беше блиску. Беше 9-8 кога црвено-црните почнаа да се одлепуваат и да прават ...

