Утре го празнуваме големиот христијански празник Свети Спас, ден посветен на Вознесението Христово – мигот кога верата се издигнува над секоја земна грижа, а надежта станува посилна од стравот. Овој празник нè потсетува дека животот не се мери само со она што го гледаме пред себе, туку и со она што го носиме во душата: добрината, прошката, трпението и љубовта кон ближниот. Свети Спас е ден кога срцето се смирува, кога човек застанува за миг ...

Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани утре го одбележуваат празникот Христовото вознесение Спасовден, кој се паѓа четириесет дена по Велигден, а во Македонија има голем култ. Утре именден празнуваат: Спасе, Спасија, Спаска… Празникот на Христовото вознесение – Спасовден спаѓа во големите христијански празници, се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток. Четириесет дена по воскреснувањето Исус им се јавувал на ...