Слушај ја веста Медицинскиот персонал ја затрупа со над 300 тужби Општата болница Куманово. Со нив, вработените бараат неисплатени додатоци за дежурства, хранарина и сменска работа. Активните тужби се однесуваат на период до октомври 2023 година кога на вработените од кои најголемиот дел се средномедицински и помошен персонал – не им било плаќано она што им следува по Колективен договор. Проблеми има и со дел од лекарите. -За мене како лекар ...
Општата болница во Куманово се соочува со повеќе од 300 судски постапки поведени од нејзини вработени, кои бараат исплата на надоместоци за дежурства, сменска работа, работа во недела и хранарина што, според нивните тврдења, не им биле исплатени согласно колективниот договор. Според податоците на Фондот за здравствено осигурување, кумановската болница е здравствената установа со најголем број тужители во државата – вкупно 317. Најголем дел од ...

