Резултатот по првиот дел на дерби-мечот помеѓу Вардар и Шкендија на теренот на ФФМ е оној почетниот, 0-0. Публиката на трибините, но и оние кои го следат мечот на телевизија немаа прилика да видат убав фудбал за око. Првите 45 минути главно минаа во игра на средината на теренот, со една вистинска шанса и тоа за гостите од Тетово, но голманот на Вардар беше поуспешен во таа 33-та минута. Иако главниот судија, Фатмир Бафто од Охрид, покажа ...
Вардар загуби од Шкендија со 0-1 во дербито на колото од Првата македонска фудбалска лига, а навивачите на скопските Црвено-црни, Комитите, имаа порака до раководството на клубот, но и до Фудбалската федерација на Македонија. Во 65-тата минута на западната трибина на стадионот на ФФМ беше истакната парола на која пишуваше: „Фудбалот беден на натпревари во работно време сведен“. Јасно, пораката е упатена поради терминот за мечот, кој беше ...

