Денес во Пирава се одигра пријателски натпревар со хуманитарен карактер меѓу третолигашот Ударник и четвртолигашот Слога од радовишко Злеово, а на кој беа постигнати десет погодоци. Ударник беше подобар со 8:2, но резултатот од овој контролен натпревар беше во втор план, бидејќи во прв план беше хуманитарната акција за Васко Ризов. Овој натпревар послужи и за проверката на формата на двете екипи за пролетниот дел. Ударник е втор во Трета лига ...

Третолигашот Ударник од Пирава ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Трета лига – Исток. Ростерот на тимот е сочуван од есенскиот дел, а притоа дополнително е засилен со 16-годишниот Бојан Ристов. Целта на тимот ќе биде да се стигне до првото место кое води кон баражот за Втора лига. Ударник веќе одигра еден пријателски натпревар со хуманитарен карактер против Слога од Злеово, а веќе овој викенд ќе одигра контролен меч со ...