Секој Божик добивав кукла на подарок од една госпоѓа што одвај ја познавав. Беше пријателка на мајка ми и, иако ретко се среќаваа, или само случајно на некој погреб, таа ја одржуваше чудесната навика да ми праќа кукла. Ќе пристигнеше со вечерниот автобус кратко пред Божик и го дополнуваше забревтаниот сјај на тие денови исполнети со врева и возбуда. Правевме пита од компир, божикни колачиња со суво и кандирано овошје, десерт со овошје и крем ...