Штип може да биде горд на младите спортисти, кикбоксерите на Гладијатор Фајт од „Гранд При Сараево“ се вратија со три златни и два сребрени медали. До златни медали стигнаа Антонија Тасева во конкуренција -65 килограми кик лајт, Леонтина Миткова јуниор -65 килограми кик лајт, како и најмладиот член на клубот Максим Иванов. Сребрени медали освоија Антонио Тасева во конкуренција -60 килограми кик лајт, како и Петра Долдурова во конкуренција -65 ...

Кикбокс клубот Гладијатор Фајт од Штип под водство на тренерот Шенол Асанов постојано носи медали и пехари од големи меѓународни натпреварувања, а младите спортистки Антонија Тасева, Леонтина Миткова и Петра Долдурова носат медали од секое натпреварување. Антонија Тасева во краток период освои три медали, бронза на Балканското првенство во Нови Сад, а злато и сребро на „Гранд При Сараево“ во Босна и Херцеговина. „Јас претходната недела се ...