Министерката за образование и наука Весна Јаневска денес присуствуваше на традиционалното закројување на лозјата што го организираше Факултетот за земјоделски науки и храна по повод празникот Свети Трифун. На настанот беше промовиран проект за модернизација и одржливост преку дигитално земјоделство, а беше претставена и дигитална опрема набавена преку проектот кој е поддржан од Центарот за меѓународна соработка и развој на Словенија. ...

Министерството за образование и наука од денеска почнува со посета на универзитетите во земјава во рамки на јавната расправа за Законот за високо образование. Како што најави министерката за образование и наука Весна Јаневска, МОН ќе има средба со сите професори кои ќе сакаат да присуствуваат на јавната расправа, каде што ќе бидат дискутирани спорните членови. Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање на традиционалната прослава по повод ...