По минатогодишната бременост и уживањето во мајчинските денови, кога на свет дојде нејзината ќерка Арија, Александра Пријовиќ повторно застана пред својата публика – и тоа во голем стил. Музичката ѕвезда за рекордно кратко време одржа три концерти, а кога ќе се сумира сè, во Бар, Загреб и Белград ја слушале повеќе од 50.000 луѓе. Меѓу настапите, Пријовиќ даде кратко интервју во кое искрено проговори за семејната атмосфера во нејзиниот дом. ...

Александра Пријовиќ направи пауза од една година, а потоа спектакуларно се врати на сцената. Пејачката сепак одлучи и оваа година повеќе да се посвети на семејниот живот, но нема да го запостави ниту работниот дел. Пријовиќ покрај концертите, во првата половина од годината ќе биде многу активна и ќе се посвети на снимањето на спотовите за својот нов албум. Таа работеше на него речиси цело време од бременоста, а засега се подготвени дури 12 ...