Куманово и цела Македонија денес се збогуваат со еден од најдобрите математичари и извонреден човек, професорот Слаѓан Станковиќ – Битрак. Веста за неговата смрт беше споделена на Фејсбук страницата „Математика во срцето“, која го опишува како врвен професор, исклучителен ум и пред сè човек со големо срце. Станковиќ беше познат по својата посветеност кон математиката и кон учениците, секогаш подготвен да даде совет, да охрабри и да мотивира. ...

Македонскиот актер Васил Зафирчев преку социјалните мрежи сподели тажна вест – починал неговиот татко, Трајче Зафирчев. Во емотивна објава, актерот се прости со зборови исполнети со болка, љубов и благодарност. Тој напиша дека најмногу боли времето што не успеале да го поминат заедно, пропуштените мигови и неискажаните зборови, кои останале поради честите патувања и професионалните обврски и на двајцата. Зафирчев посочи дека, иако разделбата ...