Цените на кондомите на глобалниот пазар би можеле да пораснат за 20 до 30 проценти, а потенцијално и повеќе, поради нарушувања во снабдувањето предизвикани од војната на Блискиот Исток, предупреди денес најголемиот светски производител на кондоми „Karex“ од Малезија. Компанијата, која произведува повеќе од пет милијарди кондоми годишно и снабдува познати брендови како „Durex“ и „Trojan“, како и здравствени системи како што е британскиот NHS, ...

Европската унија ја намали прогнозата за економски раст за 2026 година, додека инфлацијата се очекува да порасне поради конфликтот на Блискиот Исток и енергетската нестабилност. Европскиот комесар за економија Валдис Домбровскис соопшти дека Европската комисија ја намалила прогнозата за економски раст на ЕУ за 2026 година на 1,1 отсто, додека инфлацијата се очекува да достигне 3,1 отсто во текот на годината поради војната во Иран. „Конфликтот ...

„Судирот на Блискиот Исток предизвика голем енергетски шок, дополнително оптоварувајќи ја Европа во момент кога таа веќе се соочува со нестабилно геополитичко и трговско опкружување“, изјави Домбровскис. Цените на фосилните горива пораснаа ширум светот како последица на војната во Иран и блокадата на Ормутскиот теснец што ја воведе Техеран. Новата процена за инфлацијата е повисока за еден процентен поен во споредба со ноемвриската прогноза, ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио им порача на сојузниците од НАТО дека Алијансата ќе мора да „одговори“ на загриженоста на претседателот Доналд Трамп во врска со реакциите на европските партнери кон операциите на САД и Израел на Блискиот Исток. – Ставовите на претседателот – неговата загриженост за дел од нашите сојузници во НАТО и нивната реакција на нашите операции на Блискиот Исток – се добро познати. На тоа ќе мора да се ...