Во духот на православната традиција и со длабока почит кон жртвата за верата, денеска во Кратово беше одбележан споменот на Св. Ѓорги Кратовски, светецот и маченик кој својот живот го положил во одбрана на христијанството. Во храмот што го носи неговото име, изграден пред речиси еден век, се собраа голем број верници за да се поклонат на својот духовен заштитник, да се помолат и да запалат свеќа. Иако празникот традиционално се чествува на 24 ...

Свети Ѓорѓи Кратовски е заштитник на градот Кратово, со силен култ не само во Кратовско туку и на многу поширок простор. На 24/11 февруари Светата православна црква го празнува денот на Свети Ѓорѓи Кратовски кој на овој ден 1515 година во Софија бил мачен, а потоа спален, на 18 годишна возраст. По занает бил кујунџија и останал како заштитник на златарите и кујунџиите. Житието вели дека свети Ѓорѓи Кратовски е роден во Кратово од родители ...