Годинава нема или засега не се предвидени избори што е едно олеснување за водење на бизнис од страна на стопанствениците. Бизнисот бара предвидливост, а експертите храбри чекори во однос на економските политики. Власта пак е убедена дека економската активност во 2026 година ќе биде на едно солидно ниво. Секако земјава ќе биде и натаму под ризик како на домашните така и на меѓународните случувања кои и тоа како влијаат врз резултатите кои ги ...
Солидниот раст од третиот квартал од 2025 година го поттикна оптимизмот за 2026 година. Во трите месеци од јули до септември растот на БДП забрза на 3,8 отсто на годишна основа. Овој резултат пред сè се должи на растот во бруто-инвестициите, кои се зголемија за над 30 отсто. Ова е одраз на инвестициските активности во приватниот сектор и на инфраструктурните инвестиции на државата и општините. Значаен придонес кон растот, на ...

